Цените на европскиот гас значително се зголемија по одлуката на Украина да ги прекине испораките на руски гас преку својата територија.
Според најновите податоци, референтните цени на гасот во првите денови на новата година пораснале за 4,3%, достигнувајќи вредност од 51 евро за мегават-час, што е највисоко ниво од октомври 2023 година.
Оваа одлука на Киев, која се однесува на прекинот на испораките на руски гас преку гасоводот на територијата на Украина, има значајни последици за европскиот пазар, особено што Европа нема вистинска алтернатива за снабдување со гас во овој период.
Енормното зголемување на цената е резултат на овој прекин на испораките, кој го нарушува стабилниот проток на енергетски ресурси во Европа, создавајќи стравови за дополнителни проблеми со снабдувањето во иднина.