Вести Свет

Небензја: Предлозите на тимот на Трамп за крај на војната „не се интересни“

Тимот на избраниот претседател на САД Доналд Трамп сè уште нема понудено ништо „интересно“ за Москва околу крајот на војната во Украина, изјави Василиј Небензја, рускиот амбасадор во ОН.

-Тоа се некои неоформени и нејасни сигнали за подготвеност за нешто. Често го слушаме зборот „замрзнување на конфликтот“. Претседателот (Владимир) Путин последен пат на 19 декември јасно и недвосмислено кажа под кои услови сме подготвени да разговараме, не за да го замрзнеме, туку за да го завршиме овој конфликт. Но засега ништо од сигналите на новата американска администрација не укажува на тоа дека тоа е нешто што би било интересно за нас, рече Небензја во интервју за телевизијата „Русија-24“.

Според него, во последно време „сигнали за некои договори“ доаѓаат и од украинска страна, но дека тие не можат да се примат сериозно.

-Прашањето е кога конечно ќе можеме да претпоставиме за одлуката на (претседателот на Украина, Владимир) Зеленски да седне на преговарачка маса, на која линија на бојното поле ќе има допирни точки. Колку подолго се  одложува, толку полоши ќе бидат условите за него, за тоа одамна му беше кажано. Одлуката е негова, истакна Небензја.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Калајџиев: Сите влади кај нас практикувале реформски илузионизам, давајќи лажна надеж дека со измена на закони ќе се подобрат состојбите

Дејан Дејан

Петковска: Организацијата на судењето за пожарот во „Пулс“ ќе биде голем предизвик за Кривичен

Дејан Дејан

Трамп: Разочаран сум од Путин

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе