Францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро и германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок денеска во Дамаск се сретнаа со Ахмад ал Шара, лидерот на Хајат Тахрир ал-Шам, исламистичката поранешна бунтовничка група која сега е де факто владејачка партија во Сирија.
Состанокот беше дел од првата посета на Сирија на највисоките дипломати од земјите на Европската унија по соборувањето на претседателот Башар Асад од страна на опозициските бунтовници.
Баро, кој ја започна својата посета во петокот со средба со христијанските верски водачи во Дамаск, во изјавата на платформата за социјалните медиуми „Х“ рече дека двете земји „сакаат да промовираат мирна и итна транзиција во служба на Сиријците и за регионална стабилност.
Бербок рече дека може да има „политички нов почеток меѓу Европа и Сирија“ само ако новото сириско општество им даде на сите луѓе, без разлика на етничката или верската група, „место во политичкиот процес“, како и права и заштита.
Од соборувањето на Асад во молскавична офанзива на опозициските сили, Дамаск доживеа голем број посети од арапските и западните земји кои ги прекинаа односите со владата на Асад за време на речиси 14-годишната граѓанска војна во земјата.