Вести Свет

Цетиње завиен во црно, објавени некролози на жртвите од масакрот на Мартиновиќ

Жителите на црногорскиот град Цетиње утрово се разбудија во тага и неверување за несреќата која го погоди малиот град. Голем број некролози со жртвите од крвавиот поход на Ацо Мартиновик осамнаа поставени на ѕидовите на голем број објекти по градските улици.

Минувачите застануваат да ги погледнат објавите, а многумина ги препознаваат своите сограѓани.

„Овие деца, гледајќи ги нивните слики, нивната мајка, ја познавав неа, нивниот татко исто така. Сликите од нив сите ми се враќаат“, раскажува пензионираната службеничка Нада.

Шок и вознемиреност преовладуваа во Црна Гора по пукањето во кое беа убиени 12 лица, меѓу кои и две деца. Најмалку четворица други беа ранети во пукотницата во Цетиње што се случи во средата по тепачка во бар.

„Тоа е тортура, така се чувствувам читајќи ги овие некролози. Ги познавав сите овие луѓе, вели Бижица Спасиќ, жител на Цетиње.

Синоќа во Подгорица, главниот град на Црна Гора, се одржа масовно бдеење со свеќи, додека нацијата тагува за 12те жртви во пукање. Претседателот Јаков Милатовиќ пристигна со сопругата да запали свеќа, заедно со илјадници луѓе.

Се чувствувам многу лошо. Не можам да верувам дека толку многу потфрливме како општество, како луѓе. Каде беа овие пријатели, другари, кумови? Сите сега знаат дека тој не беше добро. Дека не се чувствуваше добро зошто тогаш не му помогнаа, изјави Мира Шкориќ, пензионерка од Подгорица.

Стрелецот, идентификуван како 45-годишниот Ацо Мартиновиќ, го убил сопственикот на барот, децата на сопственикот на барот и членовите на неговото семејство, соопштија официјални лица. Походот на убиецот се одвивал на шест локации по што откако бил опколен од полицијата си пресуди самиот.

Полицијата соопшти дека осомничениот за пукањето имал условна казна од 2005 година за насилничко однесување и ја обжалил својата последна пресуда за нелегално поседување оружје.

Александар Петрески

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Калајџиев: Сите влади кај нас практикувале реформски илузионизам, давајќи лажна надеж дека со измена на закони ќе се подобрат состојбите

Дејан Дејан

Петковска: Организацијата на судењето за пожарот во „Пулс“ ќе биде голем предизвик за Кривичен

Дејан Дејан

Трамп: Разочаран сум од Путин

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе