Вести Најважни Свет

Во Цетиње граѓаните излегуваат да запалат свеќа за сеќавање на 12-те жртви од смртоносното пукање

Илјадници жители на Цетиње се собраа во централното градско подрачје за да оддадат почит и запалат свеќи во спомен на 12-те жртви убиени во крвавиот пир на 45-годишниот Ацо Мартиновиќ. Многумина видно вознемирени тагуваа и плачеа, а шок и вознемиреност преовладуваа низ градот и целата земја.

Малата нација на Јадранското Море, која има население од околу 620.000 луѓе, е позната по својата култура на оружје и многу луѓе традиционално поседуваат во своите домови.

Походот на убиецот се одвивал на шест локации а во него убиен е сопственик на бар, неговите деца и членовите на неговото семејство.

Ова навистина ме погоди… Ова е несреќа за цел град… Незнам, ужасна трагедија… Мислам дека државата мора да поработи на тоа вакви работи повеќе да не се повторуваат, вели Борис Баштач жител на Цетиње.

Меѓу граѓаните кои излегоа да им оддадат почит на жртвите беше и Весна Пејовиќ, жител на Цетиње и мајка која пред две години во истиот град во слично пукање ги загуби двајцата внуци и една ќерка во август 2022 година, кога напаѓач уби 10 луѓе пред да биде застрелан и убиен од случаен минувач. Таа упати остри критики кон безбедносните сили и вели дека ова е голем пропуст на државата.

Полицијата беше на само 50 метри, и можете да кажете дека тоа е ефикасност,  не ги построи тој жртвите на едно место за да може да ги убие сите одеднаш. Тој мораше да оди од куќа до куќа. Каде беше полицијата. Верувајте ми тоа не е полиција. Тоа се обични кукавици. Да беа пет жени би се организирале и би направиле нешто, раскажува Весна Пејовиќ жител на Цетиње.  

Истрагата во описот на инцидентот информираше дека напаѓачот бил во барот во текот на целиот ден со други гости кога избила тепачка. Потоа отишол дома, по што се вратил со оружје и околу 17 часот и 30 минути отворил оган. Но неговото дивеење не застанало тука. Продолжил со крвавиот пир на уште пет други локации вклучувајќи ја и последната каде си го одзел и својот живот.

Она што можам да ви кажам за состојбата на пациентите утрово, кои се наоѓаат на болничко лекување е дека три пациенти, од кои две машки лица и едно женско лице, се стабилни, синоќа ги опериравме и ви фаза на будење од вештачко дишење. Кај четврдиот пациент состојбата е исклучително критична. Кај него има и повреди на главата, а хирурзите до рано утрово го оперираа заедно со останатите хирушки екипи, информираше д-р. Александар Радовиќ. 

Истраги сега треба да ги утврдат точните околности на настаните. Владата прогласи тридневна национална жалост, а сите планирани новогодишни прослави се откажани низ целата земја.

Осомничениот за пукањето и бил добро познат на полицијата од претходно. Тој имал условна казна во 2005 година за насилничко однесување и нелегално поседување оружје.

Ова е втор ваков инцидент во градот во последните три години.

Александар Петрески

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Нашиот животен сон стана реалност – Јован Филипоски и Лилјана Михајлоска, младоженци на годинашната Галичка свадба

Дејан Дејан

Бројот на повредени во експлозијата на бензинска во Рим се искачи на најмалку 40

Дејан Дејан

ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ во преговори, в недела ќе се знае кандидатот за Скопје?!

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе