Вести Свет

Убиецот од Цетиње ѝ бил добро познат на полицијата

Во Црна Гора од денеска е прогласена тридневна жалост по масовното убиство во Цетиње во кое загинаа 12 лица, меѓу кои и две деца, а четири лица се ранети.

Напаѓачот, кој бил во роднинска врска со жртвите, се обидел да се самоубие кога го пронашла полицијата, по што подлегнал на повредите на пат кон болница.

Ранетите се згрижени во Клиничкиот центар во Подгорица.

Тројца од четворицата повредени утрово се со стабилни витални параметри, но нивните животи се во опасност, соопшти црногорскиот министер за здравство Воислав Шимун.

Обвинителот, како што пишуваат медиумите, истражувал 6 локации, од кои 5 биле на убиствата и местото каде што осомничениот се застрела.

На две локации убил четири лица, на третата две деца, а на останатите две едно лице.

Директорот на полициската управа, Лазар Шќепановиќ, рече дека убиецот Ацо Мартиновиќ, и бил познат на полицијата и бил означен како опасна личност, несовесна и брутална.

Масакрот Мартиновиќ го започнал во ресторан во Велестово во близина на Спортскиот центар каде што имал инцидент со друг гостин во објектот.

По расправијата отишол дома да земе пиштол, се вратил во кафеаната и таму го почнал крвавиот пир.

Мартиновиќ пред две години бил уапсен поради поседување оружје и закани.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Нашиот животен сон стана реалност – Јован Филипоски и Лилјана Михајлоска, младоженци на годинашната Галичка свадба

Дејан Дејан

Бројот на повредени во експлозијата на бензинска во Рим се искачи на најмалку 40

Дејан Дејан

ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ во преговори, в недела ќе се знае кандидатот за Скопје?!

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе