Вести Свет

Тројца загинати, дваесетмина повредени во експлозија на огномет во Хонолулу

Три лица загинале и повеќе од 20 биле повредени во инцидент со огномет за време на прославата за Нова година во Хонолулу, Хаваи.

Според извештаите, огномет поставен на маса се превртел и испукал настрана кон сандаци со други огномети што потоа експлодирале.

На лице место загинеле две жени, додека трета починала во болница, соопштија синоќа властите. Повеќе од 20 лица, меѓу кои и деца, биле пренесени во болница со тешки изгореници и повреди од експлозии. Неколку од повредените се наоѓаат во критична состојба.

Властите повикаа да не се користат огномети низ градот, посакувана новогодишна традиција на Хаваи, и ветија заострени казни за нивна употреба без дозвола.

Гувернерот Џош Грин укажа на потенцијалната опасност од огномети, споредувајќи ја природата на повредите во овој случај со оние од воени зони.

Дел од американските медиуми укажуваат дека експлозијата се случила на првиот кат од трокатна приватна куќа. Првиот кат од куќата бил значително оштетен. Експлозивниот бран ги искршил прозорците на спротивната страна од улицата. Според официјалните лица, некои луѓе во близина продолжиле да палат огномети додека жртвите на експлозијата биле носени во болница.

-Работам во брза помош повеќе од 30 години, и ова веројатно е еден од најтешките случаи со кои сум се соочил, имајќи ја предвид големата трагедија, бројот на пациенти и сериозноста на повредите, д-р Џим Ајрленд, директор на Одделот за итна помош на Хонолулу, изјави на брифинг синоќа.

Во Хонолулу е забрането користење на бенгалски светилки, „студени фонтани“ и воздушни огномети, освен со специјална дозвола.

-Гневни сме, разочарани и длабоко жалиме после оваа непотребна загуба на животи и страдање. Ова е трагичен начин да се започне Новата година, изјави Рик Бланџиарди. градоначалник на Хонолулу.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Нуклеарката Запорожје остана без струја, Украина ја обвини Русија

Дејан Дејан

„Паднал низ прозорец“ – почина потпретседател на руска нафтена компанија

Дејан Дејан

Нашиот животен сон стана реалност – Јован Филипоски и Лилјана Михајлоска, младоженци на годинашната Галичка свадба

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе