Шок и вознемиреност надвисна над Црна Гора по крвавиот поход во кој вооружен маж смртно застрела 12 лица, меѓунив и две деца, пред и самиот да си пресуди. Крвавиот пир траел околу половина час.
Најмалку четворица други се ранети во пукотницата во Цетиње што уследи по тепачка во бар.
Стрелецот, идентификуван како 45-годишниот Ацо Мартиновиќ, го убил сопственикот на барот, децата на сопственикот на барот и членовите на неговото семејство.
Излегов на увид на шест локации. Имавме шест места на злосторство. И во таа прилика утврдивме дека се убиени 12 лица, меѓу нив и две деца, изјаво обвинителката Андријана Настиќ.
По извршениот масакар напаѓачот се дал во бегство но бил лоциран и опколен од полицијата. Специјални единици го најдоа на околу 30 километри северозападно од Подгорица, во помошна зграда во близина на неговата семејна куќа, а бил детектиран на термална камера.
Сите патишта во и надвор од градот беа блокирани со часови а улиците беа преплавени со полициски службеници. Ставен во безизлезна ситуација си пресудил со истрел во главата. Жителите на Цетиње запрепастени во очај и тага по трагичниот инцидент.
Меѓу загинатите е и синот на мојата тетка. Децата што беа убиени се деца на другиот мој братучед. Што се однесува до овој човек, семеен пријател, незнам, сите сме шокирани. Како можам да се чувствувам после ова? Сите сме во шок. Никој не го очекуваше ова. Не можете никого ништо да прашате, раскажува Вања Поповиќ, братучетка на жртвите.
Истрагата во описот на инцидентот информираше дека напаѓачот бил во барот во текот на целиот ден со други гости кога избила тепачка. Потоа отишол дома, по што се вратил со оружје и околу 17 часот и 30 минути отворил оган.
Но неговото дивеење не застанало тука. Продолжил со крвавиот пир на уште пет други локации вклучувајќи ја и последната каде си го одзел и својот живот.
Она што можам да ви кажам за состојбата на пациентите утрово, кои се наоѓаат на болничко лекување е дека три пациенти, од кои две машки лица и едно женско лице, се стабилни, синоќа ги опериравме и ви фаза на будење од вештачко дишење. Кај четврдиот пациент состојбата е исклучително критична. Кај него има и повреди на главата, а хирурзите до рано утрово го оперираа заедно со останатите хирушки екипи, соопшти Александар Радовиќ, генерален директор на клиничкиот центар каде се сместени повредените.
Истраги сега треба да ги утврдат точните околности на настаните. Владата прогласи тридневна национална жалост, а сите планирани новогодишни прослави се откажани низ целата земја.
Осомничениот за пукањето и бил добро познат на полицијата од претходно. Тој имал условна казна во 2005 година за насилничко однесување и нелегално поседување оружје.
Ова е втор ваков инцидент во градот во последните три години.
Александар Петрески
МНР изрази сочувство за жртвите во масакрот во Црна Гора: Нашите мисли се со вас