Вести Најважни Свет

ОН ги повикаа земјите да се придржуваат на Парискиот договор за клима

Обединетите нации повикаа на итна промена во глобалниот пристап кон климатските промени, предупредувајќи дека 2024 година е на пат да стане најтоплата година забележана досега.

Метеоролошката агенција на ОН објави дека климатските промени предизвикаа екстремни временски настани, како што се поплави, рекордни горештини и природни катастрофи, кои оставија трагични последици.

Генералниот секретар на метеоролошката агенција на ОН, Андреа Селесте Сауло, нагласи дека интензивирањето на екстремните временски појави е видливо секојдневно.

ОН ги повикаа земјите да се придржуваат на Парискиот договор и да ги намалат емисиите на стакленички гасови.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, изрази загриженост за климатската криза и предупреди дека нема време за губење.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Абдулахи: Секоја пречка што ја ставаат политички партии, се мотив и енергија за независните

Дејан Дејан

Пеплоасни 15-на хекари зимзелена и нискостеблеста шума во пожарот кај Кочани

Дејан Дејан

Илиевска: Ако во 2017 година не нè перцепирале нас независните, денес се фокусирани да направат сè да не успееме

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе