Вести Свет

Пентагон: Во Сирија се 2.000 американски војници

Пентагон соопшти дека во Сирија има 2.000 американски војници, двојно повеќе од претходно најавените 900 и појасни дека дополнителните војници се привремени сили и поддршка во борбата против милитантите на Исламската држава.

Портпаролот на Пентагон, генерал-мајор Пат Рајдер изјави дека не знае колку време се распоредени таму, но дека најверојатно биле присутни неколку месеци пред падот на сирискиот лидер Башар ал Асад.

Соединетите Држави веќе неколку години јавно кажуваат дека имаат 900 војници во Сирија кои работат со локалните сили за да го спречат обновувањето на Исламската држава, која зазеде големи делови од Ирак и Сирија во 2014 година, но подоцна беше потисната.

Администрацијата на претседателот Џо Бајден најави дека американските војници ќе останат во Сирија, но новоизбраниот претседател Доналд Трамп може да ги повлече кога ќе ја преземе функцијата на 20 јануари.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Две жртви на временски непогоди во Италија – црвен метеоаларм во 18 градови

Дејан Дејан

Опасната бактерија листерија во маслинки во Германија – повлечена цела серија од два ланци на маркети

Дејан Дејан

Сончево и топло со мала до умерена локална облачност – Временска прогноза за 2.7.2025

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе