Ужасен напад со нож се случи утрово во основното училиште во загрепската населба Пречко, во Хрватска. Според првичните информации, напаѓачот е 15-годишен ученик, а повредени се седум лица, пет деца и двајца возрасни.
Едно од децата починало. Нападот се случил кога напаѓачот влегол во училиштето и упаднал во првата училница на која наишол, веројатно клас со ученици од прво одделение, но не е познато дали сите жртви биле од истата училница.
Хрватските медиуми известуваат дека напаѓачот можеби бил ученик на училиштето, но не се знае дали е директно поврзан со него. Меѓу повредените има професор и ученици, а некои од повредените се во животна опасност. Наставничката која била нападната е префрлена во болница и се бори за живот. Некои од децата избегале од училиштето, а други останале внатре додека полицијата и брзата помош интервенирале на терен.
За време на нападот хеликоптер на брза помош слетал на училишното игралиште. Случајот предизвика шок во јавноста, а полицијата спроведува истрага за мотивите и деталите на нападот.
Ученик во основно училиште во Загреб со нож ранил наставничка и неколку деца