Политиката е умешност за компромис, Русија секогаш била подготвена за преговори, одговори рускиот претседател Владимир Путин на традиционалната прес-конференција во Москва на прашањето дали е подготвен за компромис.
Тој тврди дека во 2022 година бил постигнат договор со Киев, но истакна дека се вмешал Борис Џонсон, кого го нарекува „човекот со добра фризура“, и ѝ забранил на Украина да склучи мир.
Русија и на почетокот на оваа година го обвини Џонсон за пропаст на преговорите.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.