Винисиус Жуниор ја доби наградата за најдобар светски фудбалер за 2024 годинa во изборот на ФИФА наречена „Најдобриот“.
Бразилскиот фудбалер можеби не ја доби „Златната топка“, која замина во рацете на Родри од Манчестер сити, но денеска во Доха беше крунисан за најдобар светски фудбалер од ФИФА. Во гласањето овој пат Родри беше втор, додека трето место беше Џуд Белингам.
Карло Анчелоти од Реал Мадрид ја понесе наградата за најдобар тренер, додека аргентинскиот репрезентативец и член на Астон Вила, Емилијано Мартинез е најдобар светски голман.
Во најдобриот тим за 2024 година очекувано доминираат играчи од Реал Мадрид, односно има вкупно петмина, Тони Рудигер, Дани Карвахал, Тони Крос, Џуд Белингам има Винисиус Жуниoр.Од Манчестер сити во идеалната постава се најдоа Ерлинг Халанд, Родри и Рубен Дијас, а место имаше и за Ламин Јамал од Барселона, Вилијам Салиба од Арсенал и голманот Емилијано Мартинез.
Алехандро Гарначо од Манчестер јунајтед ја доби наградата „Пушкаш“ за најдобар гол на годината, а Аитана Бонмати од Барселона е најдобра светска фудбалерка.