Спорт Фудбал

Супер лигата се ребрендираше, доби и нов формат, но засега само два клуба ја подржуваат

Европската Супер лига, која имаше неуспешно формирање во 2021 година се враќа повторно на фудбалска сцена со ново име и нов формат на натпреварување. Организаторите на лигата очекуваат УЕФА и ФИФА да ја признаат и клубовите слободно да можат да се пријавуваат.

Компанијата А-22 спортс, базирана во Мадрид, денеска го соопшти новиот план за фудбалската лига. Супер лигата сега ќе се вика Јунифај лига или Обединета лига, која ќе брои вкупно 96 тимови. Натпреварувањето ќе биде поделено во четири лиги, Ѕвездена, Златна, Сина и Унија. Првите две лиги би имале по 16 тимови и ќе бидат поделени во две групи по осум тимови, додека Сината и Унија лигата ќе бројат по 32 тима и ќе бидат поделени во четири групи по осум тимови.

Засега не е јасно по кои параметри клубовите би играле во лигите, но јасно е само дека Реал Мадри и Барселона се единствените клубови кои се уште ја подржуваат лигата. Компанијата А-22 се надева дека нивниот проект ќе биде признаен од ФИФА и УЕФА, кои во минатото беа силно против оваа лига.

Организаторите немаат прецизен датум, кога лигата би почнала да се игра, но наведоа дека сите натпревари би се пренесувале во живо преку стриминг платформа и тоа бесплатно.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ѓоковиќ: Се замислувам во пензија на плажа со Федерер и Надал како пиеме коктели

Дејан Дејан

Македонските ракометари останаа без пласман во главната фаза на младинското СП

Дејан Дејан

Рекордни 20 екипи во новата сезона на Евролигата

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе