Спорт Фудбал

Роналдо ќе се кандидира за прв човек на бразилскиот фудбал

Поранешниот освојувач на „Златната топка“, Роналдо ќе се кандидира за претседател на Фудбалската конфедерација на Бразил. Легендарниот напаѓач смета дека на фудбалот во земјата му се потребни сериозни промени за националниот тим да се врати на врвот.

Бразилската репрезентација има сериозни проблеми со резултатите во изминатите неколку години. „Кариоките“ последен пат беа светски шампиони во 2002 година и во меѓувреме најдобриот резултат им е четвртфинале на Мундијалите. Слабите резултати се главната мотивација на Роналдо да седне на претседателското столче.

„Помеѓу стотиците работи кои ме мотивираат да станам кандидат за претседател на бразилскиот фудбал е да го вратам престижот и почитта што ја уживаше националниот тим, што денеска ги нема“, изјави Роналдо за „Глобо Еспорте“. 

Изборите за претседател на бразилскиот фудбал треба да се одржат следната година и поранешниот голгетер на Барселона, Реал Мадрид, Интер и Милан е надева дека ќе го замени актуелниот прв човек Едналдо Родригес.

Роналдо во дресот на „кариоките“ играше 98 пати и постигна 62 гола. Два пати беше светски првак со својата репрезентација во 1994 и 2002 година и два пати ја освои „Златната топка“ за најдобар светски фудбалер. Легендата исто така најави дека ќе ги продаде акциите во фудбалскиот клуб Валјадолид за целосно да може да му се посвети на бразилскиот фудбал.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ѓоковиќ: Се замислувам во пензија на плажа со Федерер и Надал како пиеме коктели

Дејан Дејан

Македонските ракометари останаа без пласман во главната фаза на младинското СП

Дејан Дејан

Рекордни 20 екипи во новата сезона на Евролигата

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе