Вести Свет

Франција почна со повлекување на војската од Чад

Франција почна да ги повлекува своите војници од Чад. Одлуката за повлекување на француската армија од Чад следува по прекинот на билатералната одбранбена соработка пред две недели.

Владата на Чад на 28 ноември ненадејно го прекина Договорот за одбранбена соработка со Франција. Дополнително треба да се договорат деталите за повлекувањето, како и евентуалниот престој на дел од француските војници во Чад. Првите борбени авиони „Мираж“ денеска се вратија во нивната база во источна Франција.

За целосно повлекување на француските војници најверојатно ќе бидат потребни неколку недели. Франција сè уште има околу 1.000 војници во Чад.

Франција веќе ги повлече своите трупи и од Мали, Буркина Фасо и Нигер по воените удари во тие западноафрикански држави и широко распространетата антифранцуска атмосфера.

Повлекувањето од Чад го означува крајот на повеќедецениското присуство на француската војска во регионот Сахел и крајот на директните француски воени операции против исламистичките милитанти во областа.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Абдулахи: Секоја пречка што ја ставаат политички партии, се мотив и енергија за независните

Дејан Дејан

Пеплоасни 15-на хекари зимзелена и нискостеблеста шума во пожарот кај Кочани

Дејан Дејан

Илиевска: Ако во 2017 година не нè перцепирале нас независните, денес се фокусирани да направат сè да не успееме

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе