Русија му даде азил на сирискиот претседател Башар ал Асад и на неговото семејство, пренесе агенцијата ТАСС, повикувајќи се на извор во Кремљ.
Како што наведува агенцијата, Асад и неговото семејство веќе пристигнале во Москва.
„Асад и неговото семејство пристигнаа во Москва. Русија им даде азил од хуманитарни причини“, истакна изворот.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.