Ернест Хемингвеј се врати на Куба, на некој начин. Осумнаесет белобради мажи кои личат на покојниот американски писател пристигнаа во Хавана, за да посетат некои од неговите омилени места кога живеел на островот пред неколку децении.
Членовите на здружението за изглед на Хемингвеј го посетија омилениот бар на авторот во Хавана, „Ел Флоридита“, каде музиката веднаш се засили, а туристите и локалните жители се собраа наоколу да фотографираат.
Сличните лица пристигнаа во Хавана во петокот, каде учествуваа на церемонијата во марината на Хемингвеј во чест на Дијана Нијад, првата пливачка што го преплива мексиканскиот залив од Куба до Флорида, а островот ќе го напуштат денеска. Хемингвеј живеел на Куба од 1939 до 1960 година.