Иако вториот круг од претседателските избори во Романија кои требаше да се одржат денеска, се откажани, контроверзниот кандидат Калин Георгеску, кој победи во првиот круг, организираше протест неколку дена откако уставниот суд ги поништи изборите.
Протестот на Георгеску доаѓа два дена откако уставниот суд донесе одлука без преседан за откажување на претседателските избори, откако низа декласифицирани разузнавачки информации открија дека Русија наводно, организирала голема кампања преку платформи како „ТикТок“ и „Телеграм“ за да го промовира.