Вести Најважни Свет

(Видео) „Останете дома, многу е сериозно, ни доаѓа бура ѕвер“ – предупредување за Британците пред налетот на невремето Дара

Апели до милиони Британци да останат во своите домови, а десетици илјади останаа без електрична енергија по пристигнувањето на бурата Дара на Островот. Издадено е, исто така, и црвено предупредување поради силен ветар кој би можел да биде опасен по живот. Се очекуваат значителни нарушувања во најголем дел од брегот на Велс и делови на југозападна Англија. Откажан е Мерсисајд дербито меѓу Евертон и Ливерпул.

„Ако ја погледнеме пошироката слика, многу делови на Велика Британија ќе бидат погодени од невремето во наредните 24 часа. Оваа бура е силна. Бурата Дара е ѕвер“, рече Клер Насир, метеоролог, за „Скај њуз“.

Здружението „Енерџи нетворк“ соопшти дека 86.000 домаќинства во Англија, во Шкотска и во Велс се останати без струја.

Покрај Англичаните, предупредување да останат дома добија и Ирците. Аеродромот во Даблин потврди дека се примени бројни летови за други аеродроми и оти пренасочувањето е поради четвртата бура во оваа сезона.

Откажани се бројни летови на „Бритиш ервејс“ од и кон „Хитроу“, како и за Франција, Холандија и САД.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Андоновски: Ќе разговараме со нотарските комори да се прифатат електронските документи како валиден документ

Дејан Дејан

(видео)Андоновски: „Електронскиот паричник“ е опција, не обврска

Дејан Дејан

(видео)Андоновски во Топ Тема: Има десетици компании кои што веќе работат исклучиво електронски

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе