Израелската војска предупреди триесетина војници и офицери кои се бореле во Појасот Газа да избегнуваат патување во странство, откако пропалестински групи поднесоа тужби за воени злосторства против нив.
На најмалку осум од нив, кои отпатувале во Кипар, Словенија и Холандија, им било наложено да ги напуштат овие земји поради ризик од апсење. Израелската војска не им забранува патувања во странство, но ги проценува ризиците пред да го одобри барањето.
Војниците се предупредени и да не објавуваат снимки од борбите во Газа на социјалните мрежи, бидејќи тие можат да се искористат за кривични истраги во странство.