Вести Свет

Барние му ја врачи својата оставка на претседателот на Франција Макрон

Францускиот премиер Мишел Барние денеска му ја врачи  својата оставка на претседателот на државата, Емануел Макрон.

Владата на Барние го загуби синоќешното гласање доверба во Националното собрание (долниот дом на Парламентот) со мнозинство од 331 глас.

Според соопштението од Елисејската палата, Макрон побарал Барние и неговата влада да продолжат со работа како привремена администрација додека не биде назначен нов премиер.

Нови избори уставно не се можни пред јуни, а Макрон сега ќе се соочи со голем предизвик во назначувањето нова влада во парламентот, кој е поподелен од кога било, како и повиците за негова оставка.

За иден премиер на француската влада се споменува името на министерот за одбрана Себастиен Лекорну, кој е близок до Макрон.

Пад на Владата на францускиот премиер Мишел Барние

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Претседателот на Врховниот суд Фидани вети дека ќе ја врати довербата во судството

Дејан Дејан

Очекувајте темератури над 40 степени, ИЈЗ со препораки за заштита на повозрасните

Дејан Дејан

Паолучи: Фокусирајте се на зајакнување на домашните темели на економскиот раст

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе