Опозициските партии во Јужна Кореја попладнево поднесоа предлог за отповикување на претседателот Јун Сук Јеол. Тој се соочува со притисок да ја напушти функцијата неколку часа откако прогласи воена состојба доцна синоќа, потег што го запрепасти и збуни огромното мнозинство Јужнокорејци, кои излегоа на улиците.
Опозициските партии во Јужна Кореја поднесоа барање за импичмент на претседателот Јун Сук Јеол поради шокантната и краткотрајна декларација за воена состојба. Поради која тешко вооружени војници го опколија парламентот, а пратениците се качуваа по ѕидовите за повторно да влезат во зградата и едногласно да гласаат за укинување на неговата наредба. Според законот, предлогот за импичмент, поднесен од главната либерална опозициска Демократска партија и пет помали опозициски партии, мора да се стави на гласање за 24 или најмногу 72 часа, односно најдоцна во петок.
- На 4 декември, 191 пратеник, вклучувајќи ги Парк Чан-дае и Чо Кук, поднесоа предлог за отповикување на јужнокорејскиот претседател Јун Сук Јеол, а 170 пратеници, вклучувајќи ја и Парк Сунг-Џун, поднесоа барање за отповикување на министерот за одбрана Ким Јонг Хјун, објави Јунг Мјеонг-хо, претставник на јужнокорејскиот парламент.
Mногумина од демонстрантите во Сеул не биле ни родени кога последен пат беше прогласена воена состојба во земјата. А претседателот Јун беше принуден да ја поништи декларацијата само шест часа откако беше објавена. Според аналитичарите на ова се гледа како на скриено враќање во потурбулентен период како оној во доцните 80-тите кога се воспоставуваше функционална демократија во земјата.
- Не можам а да не мислам дека тоа беше избрзан потег. Не можам да се грижам за идната генерација на земјата, но сакам нашите пратеници да дадат се од себе за вакви работи никогаш да не се случат, вели 19-годишниот стидент О Тае-јун.
- Се разбудив среде ноќ за да ги слушнам вестите и мислев дека сонувам. Едноставно беше тешко да се поверува дека ова се случи во нашата земја во 21 век. Како татко бев загрижен во каква земја би живеело моето дете во иднина. Она што ни треба сега е да ја надминеме оваа криза и да ја искористиме оваа можност да направиме подобра Јужна Кореја, Јунг Сеунг-ил, службеник.
НАТО ја следи состојбата во земјата, но не сака да се меша во внатрешните работи на својата членка. Русија пак директно го впери прстот во САД и нивните сојузници обвинувајќи ги за провокативни акции.
На гласањето кое може да се одржи во петок и ќе треба 200 од 300 пратеници да гласаат за импичмент на претседателот. На Јужна Кореја не и се непозни масовните улични протести и брзите претседателски импичменти. А краткотрајната декларација за воена состојба на Јун може да ги уништи неговите шанси, па целосно да го заврши својот претседателски мандат.
Билјана Ставрова