Вести Најважни Свет

Го спаси од затвор – Џо Бајден го помилува синот Хантер во случаите за затајување на данок и поседување на оружје

Американскиот претседател Џо Бајден потпиша помилување на неговиот син Хантер, кој чекаше изрекување казни во случаите за нелегално поседување на огнено оружје и за затајување на данок.

„Ниту една разумна личност која гледа на фактите во случаите на Хантер не може да дојде до друг заклучок освен овој – Хантер е издвоен исклучиво затоа што е мој син и тоа е погрешно“, изјави доцна синоќа Бајден, споменувајќи ја „правосудната грешка“, иако во неколку наврати рече дека нема да даде претседателско помилување на синот.

Хантер Бајден (54) се изјасни виновен во септември за затајување на данок пред судот во Лос Анџелес, со што избегна судење.

Поранешниот бизнисмен и адвокат, кој сега се занимава со сликарство, се соочи со една точка од обвинението за затајување на данок и две точки за лажна пријава за неплаќање на данок од 1,4 милиони долари во последните 10 години.

Најмладиот син на Џо Бајден, оваа година веќе е осуден за лажење за својата зависност од дрога при купување на оружје. Прекршокот е сторен во државбата Делавер, упориште на Бајден.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Експлозија на бензинска пумпа во Рим, повредени полицајци и пожарникари

Дејан Дејан

Лагард: Посилен единствен пазар на ЕУ за борба против царините

Дејан Дејан

МЗ: Активирана фаза 3 од Акцискиот план за топлотни бранови од 4 до 8 јули

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе