Рускиот претседател Владимир Путин ја одобри буџетската програма за периодот 2025-2027 година, која ќе биде фокусирана на воените потреби, покажува документ објавен денеска на официјалната веб-страница за правни акти.
Воената потрошувачка за следната година ќе биде зголемена за 25%, но буџетот ќе биде најтаен во постсоветската историја, при што речиси една третина од сите трошоци ќе бидат непознати за јавноста.
Владата признала дека потребите на, како што Москва го нарекува, „специјалната воена операција“ во Украина и поддршката за војската остануваат приоритет на буџетот, заедно со социјалните потреби и технолошкиот развој.
Владата го претстави нацрт-буџетот како „балансиран“, со дефицит од 0,5%, што е намалување во однос на проектираниот дефицит за оваа година од 1,7%, додека државниот долг ќе остане под 20% во следните три години.