Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху порача дека Израел внимателно ја следи ескалацијата во Сирија.
Тој нагласи дека секоја повреда на прекинот на огнот од страна на Хезболах во Либан ќе биде „поздравена со силна реакција од страна на Израелската армија“.
Ваквата негова изјава доаѓа при посета на новите регрути за Армијата во меганизираните сили заедно со министерот за одбрана Израел Кац.
Постојано следиме што се случува во Сирија. Ние сме решени да ги браниме интересите на државата Израел и да ги заштитиме достигнувањата од војната. И ние многу цврсто го спроведуваме договорот за прекин на огнот. Секое прекршување наидува на силна реакција од израелските сили, рече Нетанјаху“.
Сиријската војска испрати засилувања за да ги отфрли бунтовниците по нивната изненадна офанзива во која го зазеде Алепо.
Бунтовниците го контролираат поголемиот дел од големиот град во Сирија, а тврдат дека влегле и во градот Хама.
За сега нема независна потврда на нивната тврдење.
Прекинот на огнот меѓу Израел и бунтовниците од Хезболах во Либан влезе во сила во средата.
Ова примирие е првиот голем знак на напредок во регионот од почетокот на војната пред повеќе од една година, која беше предизвикана од нападот на ХАМАС врз Израел на 7 октомври 2023 година.