Вести Свет

Нестабилноста во Сирија им носи страв на соседите, Асад тврди ја имаме ситуацијата под контрола

Ситуацијата во Сирија продолжува да биде динамична и турбулентна, особено во северозападните региони, каде што се водат интензивни борби помеѓу сириските владини сили и бунтовничките групи. Информациите говорат дека бунтовниците успеале да го заземат речиси целосно, вториот по големина град во Сирија, Алепо, а под нивна контрола е и Идлиб, како и дека во моментов напредуваат на линијата на фронтот.

Од утрово пак следат жестоки воздушни напади од страна на руските сили кои бомбардираат позиции на исламистите. Во воздушните напади има голем број загинати и повредени.

Според извештаите, повеќе од 10.000 семејства биле принудени да ги напуштат своите домови поради ескалацијата на конфликтот. Бегалците, како што истакнуваат очевидци, се наоѓаат во тешки услови, и во страв од нови воздушни напади.

Заминав со моите деца и семејството заедно со сите овие луѓе поради ескалацијата на нападите и гранатирањето. Заминавме и станавме раселени во оваа област и се надеваме дека ќе се вратиме дома безбедно, и нека Господ ни олесни нам и на овие луѓе. Живеевме трагичен живот во селото поради ракетите, гранатирањето и воздушните напади од авионите на едната и дроновите од другата страна. Нашите деца беа преплашени, раскажува Салма Харба, раселена од селото Таум, источно од Идлиб.

Воздушните напади на руската авијација се дел од континуираните напори на сириската војска да ја задржи контролата над териториите што ги контролираат бунтовниците, особено во Идлиб, кој е последниот голем бастион на опозицијата во земјата.

Тековната офанзива на бунтовниците покрена нови политички и воени прашања за подготвеноста на сириската армија и за нејзината способност да се справи со новата закана. Притисокот врз сирискиот претседател Башар ал Асад сега е уште поголем и ставен на тест поради фактот што бунтовниците се вклучија во оваа офанзива во време кога сириските сојузници се ангажирани на други фронтови.

Ги следиме вестите за битката и дај Боже режимот да падне. Ги броиме деновите, бидејќи децата се уморни и шокирани. Заминавме и дојдовме овде со облека и ништо друго. Ако даде Господ, ќе победиме над режимот на Башар ал Асад и ќе се вратиме безбедно во нашата област, вели Ахмад Мвахид, раселен од селото Сермин, источно од Идлиб.

Конфликт дополнително ги влошува условите за цивилите во Сирија, кои, по неколку години војна, сѐ уште живеат во неизвесност и страдање.

Денес дојдовме да дадеме итен одговор за луѓето кои беа раселени поради неодамнешната ескалација во Алепо и селата во Идлиб. Се разбира, одговорот има за цел да им обезбеди на семејствата рака за помош, опрема за загревање и кошница за храна. Денес, исто така, обезбедивме сесии за подигање на свеста и ментална поддршка, изјави Махмуд Хаџули, тим лидер во организацијата „Милост надвор од границите“.

Од аспект на стратегијата на сирискиот режим, најголемиот предизвик ќе биде да се поврати контрола над важните региони и да се осигура дека неговата власт не ослабнува, додека истовремено се решаваат прашањата на внатрешната поддршка и глобалните притисоци од меѓународната заедница.

Александар Петрески

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Калајџиев: Сите влади кај нас практикувале реформски илузионизам, давајќи лажна надеж дека со измена на закони ќе се подобрат состојбите

Дејан Дејан

Петковска: Организацијата на судењето за пожарот во „Пулс“ ќе биде голем предизвик за Кривичен

Дејан Дејан

Трамп: Разочаран сум од Путин

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе