Вести Свет

Калас: ЕУ би можела да испрати вооружени сили во Украина доколку биде договорен прекин на огнот

Новиот претседател на Европскиот совет, Антонио Коста, и шефицата на европската дипломатија, Каја Калас, пристигнаа во Киев во неделата, започнувајќи го својот прв ден на функцијата со силна порака на поддршка за Украина.

Нивната посета следува во време кога се зголемуваат сомневањата за тоа што Киев може да очекува од новата американска администрација под водство на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп.

На средбата новата шефица на европската дипломатија Каја Калас потенцирала дека европските земји би можеле да испратат војници во Украина за да се осигура почитувањето на евентуалниот прекин на огнот.

Според неа, ништо не треба да се исклучува во стратешките прашања и Европската унија може да учествува во одржувањето на примирјето преку испраќање вооружени сили.

Таа исто така нагласила дека во овој процес Украина треба да биде во центарот на одлуките.

Калас смета дека поддршката на САД за Украина е клучна, бидејќи победата на Москва би ги зајакнала Кина, Иран и Северна Кореја.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски го пречека парот во украинскиот парламент во Киев.

„Го дискутиравме нашето видување за европските и глобалните работи — тековните предизвици и перспективи“, објави Зеленски на „X“ по средбата.

Додаде дека овој симболичен почеток на работата на новото лидерство ги одразува клучните приоритети за сите во Европа.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Калајџиев: Сите влади кај нас практикувале реформски илузионизам, давајќи лажна надеж дека со измена на закони ќе се подобрат состојбите

Дејан Дејан

Петковска: Организацијата на судењето за пожарот во „Пулс“ ќе биде голем предизвик за Кривичен

Дејан Дејан

Трамп: Разочаран сум од Путин

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе