Израелската војска денес изврши воздушен напад на гранично село на југот на Либан и гранатираше други населени места покрај границата кои се уште се под нејзина контрола, јави либанската државна Национална новинска агенција.
Не беше веднаш пријавено за можни жртви. Ниту израелската војска ниту либанскиот Хезболах за сега не даваат коментари за нападот извршен врз селото Јарун.
Во средата стапи во сила договорот за прекин на огнот меѓу Израел и либанскиот Хезболах, на кој посредуваа САД.
Меѓутоа, Израел продолжи да повикува раселените Либанци да не се враќаат во десетици села на југот во оваа фаза на прекинот на огнот.
Исто така, сè уште е на сила полициски час секој ден од 17:00 до 07:00 часот и забрането е движење преку реката Литани.
Договорот за прекин на огнот предвидува најпрво 60 дена прекин на непријателствата и повлекување на екстремистите од Хезболах од јужен Либан, северно од реката Литани, и израелските војници на север на Израел.
Привремениот премиер на Либан, Наджиб Микати, и либанската војска го осудуваат израелскиот напад и прелетувањето на либанската територија од страна на Израел откако прекинот на огнот стапи на сила, обвинувајќи го Израел за кршење на договорот.
Хезболах, сепак, не презема акции како одговор, што значи дека прекинот на непријателствата не е пропаднат.