Вести Македонија

Гајдова во „Топ тема“: Условната казна со засилен надзор е најдобра мерка, ако условната осуда е недоволна, а затвор е неприменлив

Неказнивоста или благите казни што се изрекуваат во случаи на семејно насилство се проблем кај нас. Сите 17 одлуки кои ги анализиравме за убиство, сите законски казни беа или под законскиот минимум или во законскиот минимум што укажува на една блага казнена политика, истакна судијката Габриела Гајдова во вечерашната дебата во „Топ тема“ на ТВ Телма.

„За жал и кај судовите постои онаа родова несензитивност и капацитет да се препознае родово базираната нишка. Во конкретните случаи тоа се забележува и при проценката на доказите и при утврдувањето на фактите и при утврдувањето на фактичката сосотојба, а она што за мене, како судија, беше поразително е утврдувањето на олеснителните околности. Многу често за олеснителна околност била земена тоа што таткото бил родител на мали деца, а судот го занемарил фактот дека таткото ја убил нивната мајка“, вели Гајдова.

Гајдова потсетува дека казната за семејно насилство со телесни повреди е затвор до три години, а ако сторителот се казни со шест месеци, според неа, казната нема никаков ефект.

„Сторителот ќе биде уште по растроен, наместо ресоцијализиран. Кога условната осуда е недоволно соодветна, а казната затвор неприменлива, едноставно, според мене, условната казна со засилен надзор една од мерките е да се работи со насилниците и тука работи пробациската служба. Колку квалитетно се работи не знам. Меѓутоа како законска можност постои и мислам дека кога има надеж некој да се превоспита, на тој начин можеби тоа е најдобрата мерка која може да биде изречена“, изјави Гајдова.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Абдулахи: Секоја пречка што ја ставаат политички партии, се мотив и енергија за независните

Дејан Дејан

Пеплоасни 15-на хекари зимзелена и нискостеблеста шума во пожарот кај Кочани

Дејан Дејан

Илиевска: Ако во 2017 година не нè перцепирале нас независните, денес се фокусирани да направат сè да не успееме

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе