Вести Македонија

“Софистицирано евромандаринство”- Претседателката Силјановска за “ништо повеќе, ништо помалку” изјавата на еврокомесарката Кос за уставните измени

Македонската претседателка Гордана Сиљановска Давкова денеска од Подгорица, каде е во официјална посета, ја коментираше изјавата на новоизбраната еврокомесарка за проширување, Марта Кос, која се однесува на очекувањата за уставните измени во земјава.

„Имам забелешка на дикцијата на новата еврокомесарка, бидејќи кога рече – велите: ништо помалку и ништо повеќе, тоа ми личи на нешто како земи го или остави го. Тоа не е филозофија, тоа е софистицирано евромандаринство. Тоа ме плаши, бидејќи звучи како директно мешање во внатрешните работи“, истакна Сиљановска Давкова на заедничката прес-конференција со нејзиниот црногорски колега, Јаков Милатовиќ.

Новата еврокомесарка за проширување, Марта Кос на 27 ноември изјави дека очекува Северна Македонија да ги направи потребните уставни измени и да ја вметне бугарската заедница во Преамбулата од Уставот.

“Тоа е нешто на коешто сметаме. Ништо помалку, ништо повеќе. Верувам дека тоа е можно и после тоа навистина да го забрзаме процесот“, нагласи Кос.

На прашањето, дали после направени уставни може да се дадат гаранции дека ќе нема други блокади, Кос рече дека таа не е онаа којашто може да даде одговор на тоа прашање.

Ден подоцна претседателката Силјановска истакна дека Македонија е подготвена да направи чекори напред во процесот на уставни измени, но со одложено правно дејство.

„Ако се дозволи ветото да опстои, дури и најуспешните во чекорењето можат да се соочат со пречки на крајот“, изјави Сиљановска Давкова

Таа нагласи дека иако ретко дава коментари на изјави од ваков тип, чувствува обврска да реагира на, како што рече, премногу бирократското перцепирање на Европската Унија.

ЕУ работи на креативно решение за Македонија, но уставни измени со одложено дејство не се опција

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Претседателот на Врховниот суд Фидани вети дека ќе ја врати довербата во судството

Дејан Дејан

Очекувајте темератури над 40 степени, ИЈЗ со препораки за заштита на повозрасните

Дејан Дејан

Паолучи: Фокусирајте се на зајакнување на домашните темели на економскиот раст

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе