Вести Македонија Најважни

Муцунски и Борел потпишаа – Македонија и ЕУ со безбедносно партнерство

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски и високиот претставник на Европската Унија (ЕУ) за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел попладнево во Брисел потпишаа Договор за партнерство за безбедност и одбрана.

Договорот за партнерство меѓу земјава и ЕУ ќе придонесе за зајакнување на отпорноста и ќе овозможи заедничко справување со безбедносните предизвици, како хибридните закани, зајакнување на кибер безбедноста, борбата против тероризмот и надворешните аспекти на интегрирано гранично управување, спроведување на мисии и операции и поефикасна соработка во други области од сферата на безбедноста и одбраната. Партнерството воедно претставува значаен чекор во продлабочувањето на практичната соработка меѓу земјава и Европската Унија.

„Партнерството воспоставува платформа за зајакнат дијалог и соработка за безбедносни и одбранбени прашања, што ја одразува решеноста на двете страни да работат заедно за да се справат со заедничките безбедносни предизвици во сè посложена глобална средина“, соопшти Европската служба за надворешни работи.

Во соопштението се посочува дека актуелната неиспровоцирана и неоправдана агресивна војна на Русија против Украина ја истакнува критичната важност на единството и блиската соработка на ЕУ и со нејзините најблиски партнери.

„Северна Македонија е кандидат за членство во Европската Унија и важен и почитуван партнер на ЕУ ​​во областа на безбедноста и одбраната. Како таква, таа е исто така активна трета земја учесник во заедничката безбедносна и одбранбена политика на ЕУ“, се додава во соопштението.

Северна Македонија е прва земја од регионот на Западен Балкан што воспоставува вакво партнерство со ЕУ. Во следниот период се очекува ЕУ ваков договор да потпише и со Албанија, откако претходно слични спогодби склучи и со Јапонија, Јужна Кореја, Канада, Норвешка и Молдавија, како инструменти што дополнително ја потврдуваат посветеноста на Унијата за јакнење на европската безбедносна архитектура.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Американскиот претседател Трамп најави нови тарифи

Дејан Дејан

Студентите најавија блокади во Белград, Нови Сад и Ниш, Вучиќ со молба да не го прават тоа

Дејан Дејан

Трамп: Разочаран сум од Путин, денеска ќе разговарам со Зеленски

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе