Емисии Код

КОД: Стотици милиони евра во VLT коцкање. Што добива државата?

КОД ја продолжува истрагата за работата на Државната лотарија здружена со Аустријан казино. Овој пат го истражуваме договорот направен во 2013-та година помеѓу овие две фирми, но, и парите што се зарабитуваат-колку трошат македонските граѓани на коцкање? Со еден збор ние сме коцкарска нација.

Над 4.200 машини за коцкање, таканаречени видеолотариски терминали, во кои годишно се вртат над 600 милиони евра. Сиромашните луѓе си ја бараат среќата, ама податоците до кои дојдовме покажуваат дека џекпотот секој ден се паѓа кај коцкарницата. Секоја ваква коцкарска машина ѝ носи на државната видеолотарија по 50-60 евра дневно. Владата пак добива околу 3 милиони евра годишно само од уплатените пари. За неколку месеци машината се исплаќа, а потоа само носи чист ќар. Доволна причина за законска војна кој да го присвои овој бизнис.

Токму овие машини се главната причина за толку големиот број обложувалници кои никнаа на секое ќоше како печурки по дожд, затоа што VLT терминалите се сместени кај нив.

Колку тежи бизнисот, треба ли поцврсто да се регулира за коцкањето да не биде толку широко достапно? Прилог на Срѓан Стојанчов. 

Приредувач на забавна игра на среќа е трговско друштво со седиште во земјава на кое му е издадена лиценца односно дозвола за приредување на игри на среќа и трговско друштво кое е содружник или акционер е Република Македонија и е основано за приредување за игри на среќа- стои во законот.

Но, кој и како ги исполнува овие и другите законски одредби од основањето па до денес? Колкав е основачкиот паричен влог на Друштвото за приредување на игри на среќа Касинос Аустриа Интернатионал Македонија ДОО Скопје. Кој го контролира? Многу прашалници малку одговори. Марија Митевска истражува.

Емисијата „Стотици милиони евра во VLT коцкање. Што добива државата?“ е емитувана на ТВ Телма на 17.11.2024.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

КОД: Интервју со Пандов за затворската корупција и запалената куќа

Дејан Дејан

„Макпетрол“ и „Телма“ во соработка со Сашко Коцев почнуваат нова забавна детска емисија

Дејан Дејан

Топ тема: Талка ли Македонија во расчекор меѓу стратешкото партнерство и стратешката цел?

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе