(ФОТО илустрација) 50-годишен маж им подлегна на повредите откако беше застрелан во напад пд автомобил во Арачиново.
Во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ попладнево се примени две ранети лица во оружениот инцедент што се случи во селото Арачиново. Еден од повредените починал, а кај другиот му е извршена хируршка интервенција. Починатиот е на 50-годишна возраст, а другиот повреден има 19 години.
Претходно од МВР информираа за инцидент што се случил вечерва во скопско Арачиново.
„На 01.11.2024 околу 19 часот од Ургентен центар Мајка Тереза во СВР Скопје е пријавено дека со повреди од огнено оружје биле донесени С.А. и А.А. од Арачиново. Според пријавеното, во нив во селото Арачиново било пукано со огнено оружје од страна на две лица кои биле со возило ауди. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопштија од МВР.