Еден македонски граѓанин загина откако се сруши натстрешница на железничката станица во Нови Сад, а со него загинаа уште 13 лица. Најмладата жртва, девојче извлечен од под урнатините има неполни 7 години.
„Kако некој да фрли бомба“ кажуваа очевидците кои слушнале детонација од местото на несреќата на железничката станица во Нови Сад.
Повредени се повеќе од 30-мина, а се уште трае спасувачката акција за извлекување на луѓе кои се наоѓаат под урнатините. Армираната конструкција долга околу 50 метри од непознати причини се урнала. Безбедносните камери го снимиле трагичниот момент кој траел неколку секунди и луѓето кои се нашле под натстрешницата немале никаква шанса да се спасат и да избегаат. Седеле на клупи или поминувале кон влезот на станицата.
- „Според последните информации, а се надеваме дека тоа ќе биде и конечниот број, 14 лица загинаа од кои петмина се уште не се идентификувани, осум лица се државјани на Република Србија, едно лице е државјанин на Северна Македонија. На семејствата и на нивните блиски сакам во име на сите граѓани на нашата земја да им изразам сочувство“ изјави Александар Вучиќ, претседател на Србија.
Ова е еден од најтешките денови во поновата историјата на Нови Сад, вториот по големина град во Србија.
80 спасувачи од повеќе градови работат на отстранување на бетонските блокови кои паднаа врз луѓето. По пет часа од несреќата уште една жена и 14 годишно дете беа извлечени живи од под урнатините. Бројот на загинати расте затоа што спасувачките екипи сè уште ги расчистуваат урнатините. На осумнаесетгодишно момче му била ампутирана ногата.
Српските власти посочија дека натстрешницата е изградена пред 60 години и дека ќе се бара одговорност од надлежните кои биле задолжени за одржување и надгледување на состојбата. Претседателот на Србија, Вучиќ изрази сочувство до семејствата на загинатите, и побара од Вишото обвинителство во Нови Сад и од Владата на Србија одговорните да бидат кривично гонети и најстрого казнети.
- „Барам од Вишото обвинителство во Нови Сад, од Владата на Република Србија лицата одговорни за ова што се случило да бидат процесуирани и строго казнети. Кога ја спомнав владата на Србија барам и политичка, а пред тоа и кривична одговорност. Нива работа е тоа. Знам само дека, а тоа е неверојатно, дека 60 години таа настрешница не ја реновинравме. Ние се реновиравме и вложивме огромни пари, само таа настрешница не ја реновиравме. Зошто? Не знам“ рече Александар Вучиќ, претседател на Србија.
На улиците во Србија и пред железничката станица луѓе масовно излегоа да запалат свеќи за загинатите во несреќата. Долги редици можат да се забележат и пред Центарот за трансфузиологија во Нови Сад за донирање на крв за повредените лица.
Зградата на Железничката станица е реновирана во 2021 година,од страна на а потоа затворена за повторна реновација. Оваа година во јули се отвори по вторпат, но делот на настрешницата која се сруши не била реновиран.
View this post on Instagram
Реконструкцијата беше направена како дел од реконструкцијата на пругата Нови Сад – Суботица што ја изведоа две кинески компании.
Утре во Србија е прогласен Ден на жалост, додека во Нови Сад е прогласена тридневна жалост поради жртвите од страотната несреќа на железничката.
Tea Димковска
И Македонец меѓу загинатите во големата трагедија во Нови Сад