Вести Македонија

Во делчевското село Тработивиште се одржа манифестацијата Зелкаријада 2024

Во делчевското село Тработивиште денеска се одржа манифестацијата „Зелкаријада”. Целта на четвртата по ред манифестација е да се промовира на најзастапената земјоделска култура која се децении се одгледува на овие простори.

„За разлика од првата година кога на манифестацијата имавме помалку гости како за почеток, од година во година манифестацијата прерасна во настан со повеќе учесници. Денес веќе имаме повеќе посетители и затоа решивме да претставиме се што се произведува од овој крај, значи се враќаме на традиција на старите рецепти со акцент на зелката“, изјави Сузана Новоселска од село Тработивиште.

Во моментот во село Тработивиште  околу  десетина семејства што произведуваат зелка, а интересот со тек на времето како што додадва Новоселска се враќа во последните неколку години.

На годинешната „Зелкаријада“ учествуваа и гости од Р.Бугарија и Р.Србија.

„Ние подготвуваме само автентични јадења у и изведуваме само автентичен фолклор и се надеваме дека нашата соработка ќе продолжи. Домаќините ни ги овозможија сите продукти, а се надевам дека нашата понуда ќе им се допадне на гостите“, истакна гостинка од Логодаж, Р Бугарија.

За гостите од Чачак, Република Србија беше чест да се биде дел од овој настан.

„Ние како што е и името на самиот настан Зелкаријада подготвуваме зелка со месо. Околу 5,6 часа се подготвува овој рецепт. Имаме добро гостопримство се надевам и понатаму ќе соработуваме“, изјави Далибор Вуксановиќ, учесник на настанот.

Во рамки на четвртата по ред Зелкаријада беа подготвени повеќе содржини со изведба на стара изворна македонска музика и присутни гости од повеќе градови во Македонија.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Петровска: Она што Израел го демонстрира не се однесува на останатите земји во регионот, туку се фокусирани на Иран

Дејан Дејан

Арсовски: Русија во моментот не може самата себе да си помогне, а не да му помогне на Иран

Дејан Дејан

Петровска: Со ударите во Иран, САД испратија пораки и кон сојузниците и кон ривалите и поддржувачите на Техеран, нападите можеа да се насетат

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе