Вести Македонија

Академик Камбовски: Има разлика меѓу научно друштво и Национална академија

Секој може да формира научно друштво. Академија како национална установа е сосема друго прашање, вели за Телма академик Владо Камбовски. Појаснува дека МАНУ од самото нејзино формирање е мултиетничка установа, во неа има членови од различни етнички заедници и има капацитет да апсорбира членови независно од етничката припадност. Предупредува дека формирање Национална академија на еднонационална основа може да доведе до поделби и конфликти на научната заедница, како и до појава и на други еднонационални академии – српска, бугарска или некоја друга. Научни друштва или институти се возможни и веќе имаме такви примери, вели академик Камбовски.

Македонската академија на науките и уметностите објаснува дека во Македонија, како и секаде во светот, постои само една национална академија која ја претставува државата. Во нашата Академија има членови од сите етнички заедници, а во последната декада има четири члена од албанската заедница. „МАНУ е отворена за сите граѓани кои ги исполнуваат високите научни и уметнички критериуми за членство во неа, независно од етничката, верската или од некоја друга припадност“, е ставот што го соопшти во јули годинава.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ во преговори, в недела ќе се знае кандидатот за Скопје?!

Дејан Дејан

До 10 милиони евра загуба од реформската агенда

Дејан Дејан

Мицкоски размислува за данок за немажени и неженети – невладините препознаваат голема дискриминација и репресија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе