Инцидент со физичка пресметка се случил утрово на граничниот премин „Меџитлија“ на македонско-грчката граница.
Pретпоставен од граничната полиција наводно физички и вербално нападнал вработен полицаец, објавиja попладнево повеќе медиуми. Инцидентот, според информациите, се случил околу 8 часот, кога се менувала смената, а причината засега не се знае.
Нападнатиот полицаец по 10 часот побарал лекарска помош во Клиничката болница во Битола, вознемирен и повреден од физички напад. Но, подоцна и неговиот претпоставен побарал да го прегледа лекар.
Од МВР информираа дека во текот на денешниот ден (02.10.2024) во ПС ОН Битола во два наврати, еднаш од страна на полициски службеник Б.Ј., а вториот пат од Командирот на ПС за ГП и ГН Меџитлија И.П. пријавен е настан.
„Со цел утврдување на наводите во двете пријави, известен е Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди“, велат од МВР.