Вести Македонија

Приватните превозници ги паркираа автобусите, ќе возат само трета смена

Приватните превозници ги паркираа автобусите. Градскиот превоз во аут, превозниците гневни затоа што советот не ја стави на дневен ред точката за покачување на цената на минат километар.

Прблемите со јавниот превоз се продлабчуваат, а доедека траат партисктие препирки, граѓаните од денеска ќе мораат да се снаоѓаат и со така изретчениот возен ред. Тие доцна синоќа одржаа состанок по кој за Телма информираа дека од утрово нема да сообраќаат по редовните линии, а денеска ќе возат само трета смена односно од 17 часот.

Според информациите за време на викендот ќе сообраќаат по вообичаениот возен ред, а од понеделник продолжуваат со сега донесената одлука односно само во попладневните часови.

Велат дека нема да отстапуваат од своите барања и се додека нема одговор ќе останат паркирани. Чекаат нивното прашање да се решава на вонредна седница бидејќи како што велат редовната е на 21 октомври и докодлку до тогаш не се изнајде решение за проблемот градот ќе се соочи со вистински хаос.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

САД се приклучи на израелската војна против Иран – нападнати трите клучни нуклеарни инсталации

Дејан Дејан

Колона возила над три километри на граничниот премин Богородица

Дејан Дејан

Мицкоски: Без додавки во извештајот за земјата

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе