Вести Македонија Најважни

Македонката Соврановски која исчезна во Германија пронајдена мртва, полицијата се сомнева на убиство

Македонката Наташа Соврановски која што беше пријавена за исчезната на втори септември во Германија е  мртва, а тамошната полиција истражува дали се работи за убиство. Нејзиното тело е пронајдено минатиот понеделник во шумска област во Бад Тејнах – Завелштајн, кој се наоѓа во близина на градот Штутгард, информираат од германската полиција.

Во рамки на истрагата, осомничен за убиството е 45 годишен маж кој, како што наведува полицијта,  имал лична врска со Соврановски. Тој е приведен и на него му е определена мерка притвор. Се сомничи за убиство од небрежност.

Полицијата ги повика сите оние кои биле сведоци или имаат информации во врска со исчезнувањето и смртта на Македонката да ги контактираат.

25 годишната девојка последен пат била видена на втори септември во 20:15 часот во Бад Тејнах – Завелштајн, во близина на Штутгард. Од тогаш и се загуби секаква трага.

Македонката Соврановски исчезна во Германија

 

 

 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Абдулахи: Секоја пречка што ја ставаат политички партии, се мотив и енергија за независните

Дејан Дејан

Пеплоасни 15-на хекари зимзелена и нискостеблеста шума во пожарот кај Кочани

Дејан Дејан

Илиевска: Ако во 2017 година не нè перцепирале нас независните, денес се фокусирани да направат сè да не успееме

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе