Вести Македонија Најважни

Пренамена на средствата од Коридорот 8 не е предвидена, порачуваат од ЕУ делегацијата во Скопје, пругата кон Софија е од голема важност

Европската унија и европските банки внимателно го следат тендерот за пругата кон Бугарија и повикуваат сите важни одлуки да се носат во консултација со нив. Ова е дел од одговорот кој Телма го доби од делегацијата на ЕУ во Скопје околу последните случувања откако премиерот објави дека бил жртва на обид за поткуп токму во оваа тендерска постапка.

Европската унија, заедно со другите финансиски поддржувачи на проектот за изградба на железничкиот коридор 8, кој е од клучно значење, внимателно го следат тендерскиот процес. Северна Македонија е договорната страна која е одговорна за тендерскиот процес. Проценката, по поднесувањето на тендерите, е во тек. Силно охрабруваме усогласување со применливите процедури и стандарди, и консултација со сите релевантни засегнати страни за вакви важни прашања, стои во одговорот за телма.

ЕУ ја поддржува Макеоднија да го комплетира овој важен проект за кој, како што велат, е од големо значење за државата, нејзините граѓани и регионот, но се потенцираат дека пренамена на средствата за други коридори или проекти не е предвидена.

Финансиската алокација за овој проект се состои од комбинација на значителен грант од ЕУ и спојување на средства од ЕИБ и ЕБРД. Оваа финансиска поддршка е наменета токму за оваа процедура и проект. Било каква друга употреба не е предвидена во таквата форма, порачуваат од таму.

Претставници на власта изминатиот период го отворија прашањето за пренамена на средствата од коридорот 8 кон коридорот 10 со образложение дека пругата кон Солун е многу важна за домашното стопанство, наспроти трасата Драч – Бургас која е дел од од таканаречениот НАТО Коридор за мобилност, но сметаат дека може да биде пропадната инвестиција.

Министерот за транспрот деновиве рече дека проектот е прескап и чини околу 20 милиони евра по километар, а треба и источниот сосед да си го заврши својот дел од работата – нешто за што сега нема гаранции.

Но, дека судбината на овој тендер е веќе извесна се гледа и по чекорите на власта. Откако премиерот обелодени обид за поктуп, Николовски објави дека ќе ги повлечат членовите кои се дел од тимовите за евалуација и од делот за надзор и од делот за изведба. Откри дека на тендерот се пријавиле седум учесници од кои најголем дел се несериозни и ниту еден од сериозна земја членка на ЕУ.

Пругата кон Бугарија е и дел од Примарната карта на европските транспортни коридори на Европската Унија. И во последниот изветшај на ЕК за земјава беше акцентирано дека итно треба да се забрза изградбата на железничкиот Коридор 8.

Тендерот беше распишан на крајот на декември 2023 година а кон средината на септември треба да се избере фирмата која ќе ја реализира третата делница.

Пругата кон Бугарија е децениски проект кој надживеа повеќе влади.

Елена Ивановска Мукоска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Калајџиев: Сите влади кај нас практикувале реформски илузионизам, давајќи лажна надеж дека со измена на закони ќе се подобрат состојбите

Дејан Дејан

Петковска: Организацијата на судењето за пожарот во „Пулс“ ќе биде голем предизвик за Кривичен

Дејан Дејан

Трамп: Разочаран сум од Путин

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе