Вести Македонија

На граничен премин Богородица запленети 50 илјади евра

Царинските службеници од граничниот премин Богородица спречиле обид за нелегално внесување 50 илјади евра во државава од страна на двајца странски државјани.

– На 26 јули 2024 година на граничниот премин Богородица, во вечерните часови за влез во државата се пријавило патничко мотороно возило со странски регистарски таблички во кое патувале двајца странски државјани. На прашање на царинскиот службеник дали имаат да пријават нешто за царинска контрола одговориле дека немаат ништо за пријавување и дека одат во казино во Гвегелија. Но, при контрола на возилото, во патна торба на задното седиште, покрај личните работи на патниците пронајдени биле непријавени 50 илјади евра за кои немале никаков документ за потекло, соопштија денеска од Царинската управа.

Согласно Законот за девизно работење, на патниците им се вратени по 10 илјади евра, износ за кој немаат обврска да го пријават, додека останатите се задржани.

За направениот прекршок, Царинската управа поднела соодветна прекршочна пријава.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Убиени тројца Палестинци во напад на израелските доселеници врз село на Западниот Брег

Дејан Дејан

Западниот Балкан останува во геополитичкиот интерес на ЕУ

Дејан Дејан

Арсовска поднесе пријава за 20 дивоградби во Чаир

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе