„Се слушаат експлозии, истрели од неиспукани гранати, куршуми и други неексплодирани експлозивни средства од гаѓањата што ги работела армијата во минатиот период. Така што, местото на планината Серта кон самиот полигон Криволак, не е безбедно за дејство од воздух, но не е безбедно ниту за дејство од земја. А безбедноста на луѓето што гаснат е на прво место. Ќе се обидеме со формирање на противпожарни пресеки, онаму каде што тоа го дозволува теренот. Со трактори, булдожери да се изора, да не може огнот да префрли преку нив“, вели во видео снимена на местото на пожарите на Серта, Стојанче Ангелов, директор на ЦУК.
Се работи за исклучително стрмен терен испресечен со долови и карпи.