Над сто парфеми „Гисада“ во вредност од 240.000 денари се запленети при влез во земјава на граничниот премин „Табановце“, откако возач на автобус се обидел нелегално да ги внесе во државата без да ги пријави.
„На прашање од царинските службеници дали има нешто за пријавување, возачот изјавил дека носи само лични работи. Притоа извршена е детална контрола, при што во багажот во пределот за алати се пронајдени вкупно 106 парфеми за кои што возачот требало да плати увозни давачки во висина од 49.000 денари“, информираат од Царинската управа.
Против превозникот е поднесена прекршочна пријава заради непочитување на царинските регулативи.