Вести Македонија Најважни

Бранот В.Д. директори на новата влада под лупа на Антикорупциска: Ќе го провериме секој, директорите се бираат на конкурс и по закон

Три владини седници поминаа, а најголем дел од точките беа за назначување на нови директори на институции или на нови функционери. За директорите пред функцијата стоеше В.Д. – вршител на должност, збор кој наведува дека директорот е привремено на таа позиција додека не се избере нов со полн мандат, на конкурс и согласно законот кој регулира кои услови треба да се исполнат.

На листата на В.Д. има историчар на чело на Управа за извршување санкции, стоматолог во Агенција за храна, но, има и луѓе со соодветно образование, па дури и со соодветна должина на стаж.

Но, новиот бран на В.Д. директори по промената на власта ја разбуди и антикорупциската комисија. Ги следиме назначувањата и ќе го испитаме секој случај поединечно, ни одговорија од ДКСК.

-Доколку се утврди дека именувањата се спротивни на законските прописи, ДКСК ќе преземе соодветни мерки и ќе поведе постапки по сопствена иницијатива. Комисијата се залага за обезбедување на законитост и транспарентност во процесот на именувања и назначувања во државните институции. Целта на овие проверки е да се осигура дека секое именување е направено во согласност со важечките закони, и дека нема злоупотреба на функцијата за лични или политички интереси, одговорија од Антикорупциска комисија.

Според информации на Телма, до ДКСК веќе се пристигнати и претставки за разрешувања на директори со важечки законски мандат, но и за назначувања на В.Д. директори.

Мандат на вршител на должност трае 6 месеци, но претходниот состав на ДКСК веќе утврди дека политичко-партиските игри на ова поле траеле до бесвест, па исти В.Д. директори имале и по 7, 10 или 15 мандати од по 6 месеци- со што со години не се распишувале конкурси за да се избере најдобриот кандидат за директор на определена институција.

Со свој став се јави и поранешната претседателка на ДКСК која двапати јавно со заклучоци ги предупредуваше политичарите да го почитуваат законот при бирање на директори.

-Праксата за назначување директори со партиски пазарења си продолжува….

Само нови (а има и старо нови) се пазарџиите на новите тезги…  Живо заинтересирани за личните и партиските интереси.

Епа нема  напредок без професионалци …., напиша на ФБ, Билјана Ивановска, поранешна претседатека на ДКСК.  

Во моментот, од владата не е соопштено дали и колку конкурси се распишани за редовни директорски позиции со редовен мандат, а не со 6-месечен за В.Д. директор. Од друга страна, по актуелните закони, директорските позиции веќе не се врзуваат со промена на власта туку со мандат и со правила за разрешување доколку избраните направат законски и непрофесионални грешки.

Миомир Серафиновиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Трамп: Њусом е добар човек, но ужасно неспособен, јас би го уапсил

Дејан Дејан

Орбан: Русија не може да победи ниту во Украина, а не пак да се спротистави на НАТО

Дејан Дејан

Израел ќе ја депортира Грета Тунберг и целата посада на „селфи-јахтата“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе