Вести Македонија Најважни

На селективниот курс за специјалци почина 25-годишен војник на АРМ

Дваесет и петгодишен војник на Армијата на Република Северна Македонија синоќа починал на Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување (КАРИЛ) во Скопје откако му се слошило за време на обука на полигонот Криволак, соопштија утрово од Генералштабот на АРМ.

Професионалниот војник А.Ј. бил еден од кандидатите кој посетувал курс за баталјонот специјални сили, кој изминатите дваесетина денови се одржувал на армискиот полигон.

Според ГШ на АРМ, вчера попладне по 18:30 часот, на самиот крај на изведувањето на последната дисциплина од селективниот курс – марш на долго растојание, без претходни видни знаци, во еден момент му се слошило и паднал во бессознание.

Веднаш, со армиско болничко возило и придружба на воен лекар кои се постојано присутни на активностите на селективниот курс е однесен во најблиската здравствена установа, во случајот здравствениот дом во Неготино, по што веднаш по направените интервентни испитувања е упатен со болничко возило кон Клиниката- Карил во Скопје, каде по пристигнувањето од страна на персоналот се пристапило кон преземање на сите мерки за реанимација, но по кратко време се констатирала смрт, соопштија од Армијата.

Јавен обвинител отворил истрага и дал насоки за понатамошната постапка и за утврдување на околностите за смртта на војникот.

Официјалниот извештај за причините поради кои настанала смртта кај армискиот припадник ќе бидат соопштени по извршена обдукција од страна на Институтот за судска медицина во Скопје, по што јавноста ќе биде благовремено информирана, наведуваат во соопштението од Армијата.

Според АРМ, починатиот војник го почнал 24-дневниот селективен курс во добра здравствена сотојба и одлична физичка подготвеност за цело време на предвидените активности на курсот.

Селективниот курс за избор на припадници на специјалната армиска единица “Волци” е најтешкиот курс во воено-безбедносните сили во Македонија. На крајот завршува со марш долг 100 километри на кој војникот носи опрема од 20 килограми. Помеѓу 10 и 20 проценти од пријавените успеваат да го поминат курсот и да ги издржат 24-те дена напорна обука.

„Вреди“ обвинува дека кандидат Албанец на курсот за армиските волци бил претепан од Македонци: АРМ не утврдило неправилности, но испитува. Кандидатите имаат број на селективниот курс, а не име и националност

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Калајџиев: Сите влади кај нас практикувале реформски илузионизам, давајќи лажна надеж дека со измена на закони ќе се подобрат состојбите

Дејан Дејан

Петковска: Организацијата на судењето за пожарот во „Пулс“ ќе биде голем предизвик за Кривичен

Дејан Дејан

Трамп: Разочаран сум од Путин

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе