Вести Економија Најважни

Ќе добијат ли домаќинствата за 15 отсто поскапа струја од први јули? ЕСМ ќе испорачува со цена повисока за 5 отсто

Шеесет евра за мегават час, ЕСМ ја достави понудата на тендерот на Универзалниот снабдувач. По оваа цена тие на ЕВН ХОУМ ќе им ја продаваат својата струја која е наменета за домаќинствата.

Но, ЕСМ понудиле да покриваат 85 отсто од потребите на пазарот. Сето ова беше заклучено и на затворена владина седница која се одржа пред неколку дена. Промени од тогаш немало, па тоа што владата тогаш пресметала било денеска доставено како понуда на аукцијата на Универзалниот снабдувач.

Ова ЕВН го прифатил. За дополнителните 15 отсто пристигнале три понуди од ЕСМ Продажба, Од Соле 24 и од Дуферко. Но, ЕВН не прифатила ниту една од понудите затоа што цената за мегават била превисока, 140 евра. За овие количини австриската ЕВН ќе објави нов тендер во јули.

Првиот регулатор Бислимовски за Телма изјави дека со оваа цена за мегават час и процент на покриеност, цената на електричната енергија за крајните потрошувачи би можела да скокне од 10 до 15 отсто.

Но, мандатарот Мицкоски уверува дека со предлог законот на законот за енергетика ќе се намалат трошоците на староновиот универзален снабдувач за да работи со пониска маржа, а им даде и препораки како да набавуваат струја.

„Со овој закон ние нема потреба да регистрира ново правно лице само му ја продолжува  лиценцата за да може да биде универзален снабдувач и тоа значи дека наместо маржа 11 ќе биде наплаќа  маржа од 9, 9 проценти и исто времено упатувам порака до ЕВН ХОУМ да врши многу внимателно оптимизација на своите потреби при набавката на струја да се води од интересите  на граѓаните да не набавува количини кои не се потреби“, вели Христијан Мицкоски, мандатар и лидер на ВМРО- ДПМНЕ.

Од енергетскиот сектор пак брифираа дека поради тоа што се одолговлечи постапката за избор на нов универзален старото правно лице не е во функција, а за ново е доцна да се формира па со измената ќе се овозможи ЕВН ХОУМ да работи со старото претпријатие. Маржата пак од 9, 9 отсто која ја споменува Мицкоски од  ЕВН ХОУМ уште пред неколку месеци ја понудија на тендерот за избор на Универзален снабдувач и со овој процент успеа да бидат избрани и во слендите шест години да ги снабдуваат домаќинствата и малите потрошувачи.

Новата цена на струјата ќе се донесе следната недела, а ќе важи од први јули.

Ирена Чачкова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ ќе предложи нови кадровски решенија по одлуката на Таравари

Дејан Дејан

Врховниот суд ја укина пресудата со 3 години затвор за Васил Јованов, но Кривичниот ја наведе како отежителна околност при изрекувањето на 12 години затвор за прегазувањето на Фросина Кулакова

Дејан Дејан

Петрески: Трошокот за општеството е поголем од унгарски кредит, бидејќи каматната стапка ја плаќаат даночните обврзници

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе