Вести Култура

„Златна рамка“ од 18 до 20 јуни во МКЦ – проекција на новите македонските филмови, презентација, трибини

Ретка можност за граѓаните започнувајќи, од денес до четврток, славејќи го македонскиот филм бесплатно да ги погледнат македонските филмски остварувања што биле реализирани во текот на изминатата година, а биле поддржани од Агенцијата за филм. Во долгометражната филмската програма се филмот „Преекспонирано“ во режија на Елеонора Венинова, „Домаќинство за почетници“ на режисерот Горан Столевски и филмот „Лена и Владимир“ на режисерот Игор Алексов.

„Практично освен тоа што претставува отчет за тоа што е сработено во текот на една календарска година, инаку инцијативно затоа „Златна рамка“ и е направена, се случуваше пред „Златна рамка“ многу филмови кои се работат и се снимаат никогаш да не ги видиме никаде, сега практично она што е сработено може да се види на увид, освен што е на увид на граѓаните тоа е на увид и на филмската критика“, изјава Ана Василевска, уметнички координатор на „Златна рамка“.

„Добро е што ќе се погледне годишната продукција од Македонија. Кратките филмови на нашите режисери, долгометражните, имаме три долгометражни филма, би било добро секој кој не ги видел да ги погледне и документарната програма која е секогаш интересна. Македонските документарци имаат една интересна своја традиција“, изјави Игор Иванов, претседател на ДФРМ.

„Да се видат што повеќе македонските филмови, затоа што знаеме дека кинокултурата кај нас, воопшто киномрежата е во многу лоша ситуација. Македонските долгометражни филмови ајде и одат некако, но она што е краток, документарен филм тоа е нешто што освен на премиера луѓето нема каде да го видат“, изјава режисерот Даријан Пејовски.

Краткометражната програма содржи девет филмови, кои ќе бидат прикажани во терминот од 18 часот на 19 јуни, додека документарната програма носи пет остварувања, а проекциите се распоредени во текот на трите денови на „Златна рамка“. Веќе утревечер ќе бидат доделени и традиционалните почесни награди на „Златна рамка“.

„Годинава како што сте веќе информирани одат во рацете на Тони Михајловски за филмски актер, на Владимир Анастасов за продукција како филмски автор и на Марина Коловска еден исклучителен филмски работник. Мене особено ми е драг, овој трет сегмент на „Златна рамка“ кога треба да се оддаде почит на филмските работници на ова здружение на граѓани кое постои повеќе од 70 години и посветено работи на таа мала кинематографија, но толку многу значајна и натаму најголем амбасадор на нашата култура“, изјави Ана Василевска, уметнички координатор на „Златна рамка“.

Социјалната програма „Фокус“, наменета за публиката која од најразлични социјални ограничувања не може да го посети киното „Фросина“, годинава ќе се одржи на 20 јуни во Домот за стари лица „Мајка Тереза“.

Нина Стефанова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Калајџиев: Сите влади кај нас практикувале реформски илузионизам, давајќи лажна надеж дека со измена на закони ќе се подобрат состојбите

Дејан Дејан

Петковска: Организацијата на судењето за пожарот во „Пулс“ ќе биде голем предизвик за Кривичен

Дејан Дејан

Трамп: Разочаран сум од Путин

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе