Дали евентуалното поскапување на струјата за домаќинствата ќе предизвика домино ефект кој ќе заврши со поскап леб на рафтовите останува отворено прашање. Стопанствениците се децидни дека пазарот го диктира понудата и побарувачката, а на цената влијаат многу фактори меѓу кои и струјата. Првиот човек на Регулаторна, пак, смета дека поскапа струја за домаќинства нема допирна точка со производството на леб, бидејќи големите производители се на слободниот пазар.
Зголемените трошоци, не само цената на струјата, ја диктираат цената на лебот, децидни се од Сојузот на Стопански комори.
Претседателот на Регулаторна, Марко Бислимовски, останува на ставот дека евентуалното поскапување на струјата не треба да влијае на цената на лебот, бидејќи најголемите пекарски компании се снабдуваат со струја на слободниот пазар и тие покриваат најголем дел од потребите, а тврдењата на пекарската индустрија ги оцени како невистини.
Малите компании мора да имаат пристап до слободниот пазар и критериумите мора да претрпат измени.
Од Сојузот на стопански комори нагласија дека проблемот лежи и во ЕСМ, бидејќи произведува мало количество на струја со постојните капацитети и наместо да гради нови и да го зголемува производство, тоа го отстапува на странски компании кои потоа прават профит.
Огнен Чанчаревиќ