Авионите за гасење пожар се или неисправни или нема пилоти да пилотираат со нив.
Територијалните единици за противпожарна заштита имаат недоволно возила, но и тие кои им се на располагање се стари со децении.
Во вакви услови Македонија ја дочекува новата сезона на пожари.
Директорот на ЦУК Ангелов се надева дека новата влада ќе ги реши овие но и уште еден приоритетен проблем кога станува збор за справување со пожарите, а тоа е блокираната смета на ЈП „Национални шуми“ кои секогаш се на првите линии на огнот.